Јужна Кореја планира против коронавирус да вакцинира 80% од населението до ноември следната година, соопшти Министерството за здравство.
Земјата ќе увезе дози за 44 милиони луѓе од повеќе производители вклучувајќи ги „Астра зенека“, „Фајзер“, „Модерна“, и „Јансен“.
„44 милиони дози се доволни за повеќе од 80% од нашето население. Можеме да постигнеме имунитет на стадото”, соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението за јавноста, Министерството соопшти дека вакцините на „Астра зенека“ ќе бидат распоредени во земјата почнувајќи од февруари или март. Здравствената власт има за цел да потпише договори со „Фајзер“ и „Јансен“ во декември и со „Модерна“ во јануари, следната година.
„Условите за набавка и потврдите за снабдување се веќе потпишани со производителите на вакцини и тие се правно обврзувачки кон договорот“, се додава во соопштението.
Вакцината први ќе ја примат постарите лица и медицинските работници.