Утрински Весник
Свет

Јужна Кореја планира да ја тужи Јапонија по најавите за испуштање на радиоактивна вода од „Фукушима“

Јужна Кореја планира да ја тужи Јапонија по најавите за испуштање на радиоактивна вода од „Фукушима“

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин потврди дека ги овластил државните службеници да ја разгледаат можноста за поднесување тужба против Јапонија пред Mеѓународeн суд, поради испуштањето на радиоактивна вода од нуклеарната централа „Фукушима“ во Тихиот океан, и покрај протестите на јапонските рибари и организациите за заштита на животната средина.

Јапонската влада во вторникот потврди дека е донесена одлука за испуштање на повеќе од милион тони загадена, радиоактивна вода од нуклеарната централа „Фукушима“, оштетена во земјотресот и цунамито од 2011 година, откако од водата наводно биле отстранети штетните изотопи, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Јужна Кореја силно протестираше против оваа одлука, а владата го повика јапонскиот амбасадор во Сеул на консултации, при што бил договорен состанок на меѓудржавните агенции во однос на ова прашање.

За време на денешната одделна средба, јужнокорејскиот претседател Мун побарал да се разгледа можноста за поднесување тужба против Јапонија до Меѓународниот суд за поморски спорови, потврди претставникот на претседателот, Канг Мин-сеок.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп