Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Јужна Кореја ги затвора училиштата поради лошата епидемиолошка состојба

Јужна Кореја ги затвора училиштата поради лошата епидемиолошка состојба
Img 7972

Јужнокорејската влада донесе одлука да ги затвори училиштата од утре и наставата во главниот град Сеул и неговите предградија да се одржува онлајн, поради најтешката епидемиолошка состојба од почетокот на пандемијата.

Тоа ќе биде уште еден чекор кон воведување на третата фаза на мерки за социјално растојание, со што Јужна Кореја, која е четвртата најсилна економија во Азија, ќе биде заклучена“, објави Ројтерс.

„Владата нема да се двоуми да донесе одлука за примена на Фазата 3 на мерките за социјално растојание доколку смета дека е потребно“, рече јужнокорејскиот премиер Чунг Кси-Кјун.

Во последните 24 часа, во Јужна Кореја се потврдени 718 нови случаи на Ковид-19, вкупно 43.484 од почетокот на пандемијата и 587 смртни случаи кај ковид-пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите