Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Југоистокот ќе прска против комарци од земја

Југоистокот ќе прска против комарци од земја
300x250 opst2

Струмица, 12 март 2020 (МИА) – Десетте општини од Југоисточниот плански регион годинава ќе прскаат против комарци од земја.

Таква одлука донесе Советот на градоначалници на вчерашната седница, на која беше решено, за разлика од порано кога се вршеше авионско прскање, оваа сезона третирањето против комарци да се изврши од земја.

– Оваа година донесовме одлука да работиме заедно и координирано во целиот Југоисточен регион. Донесовме одлука прскањето да се изврши од земја и притоа ќе се извршат две третирање на ларвицидната форма на комарците и три прскања на адултната форма во текот на целата сезона, информираше претседателот на Советот на градоначалници на Југоистокот и градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.

Лани во Гевгелија и Радовиш беше извршено прскање против комарци од земја и искуствата оттаму се дека третирањето теренски дава подобри резултати. рт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа