Утрински Весник
Спорт

Јуве предводен од Влаховиќ победи во Емполи

Јуве предводен од Влаховиќ победи во Емполи

Јувентус предводен од Душан Влаховиќ со тешка мака ги освои трите бода во Емполи. „Старата дама“, десеткувана од големиот број на повредени играчи, забележа победа од 2:3.

Влаховиќ со два гола му пресуди на Емполи. Србинот го совлада Викарио во втората минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме и во 66.минута.

Претходно, Кин во 32.минута му обезбеди водство на Јувентус, кое го поништи Зукровски. По двата гола на Влаговиќ, неизвесноста ја врати Ламантија во 76.минута.

Јувентус по 27.рунди се наоѓа на четвртото место со 50 поени, седум помалку од лидерот Милан.



> Јуве предводен од Влаховиќ победи во Емполи <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал