Јувентус и Барселона ова лето успешно сработуваа околу размената на играчи. Миралем Пјаниќ од Торино се пресели во Барселона, а Бразилецот Артус Мело отиде во спротивен правец.
Италијанските медиуми пишуваат дека можна е нова размена на релација Барса – Јуве. Наводно овојпат на трампата инсистира „Старата дама“.
„Калчомеркато“ објави дека Јуве е подготвен во Каталонија да го испрати Пауло Дибала, а во редовите на италијанскиот шампион да дојде Антоан Гризман.
Французинот пред една година дојде во Барса од редовите на Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но баш и не ги воодушеви челницте и фановите на Каталонскиот клуб.
Јуве не сака да плати за него сума од околу 100 милиони евра, па „црно-белите“ се подготвени да го „жртвуваат“ Дибала за да ја остварат целта.
> Јуве и Барса пред нова размена Дибала за Гризман?! <