Утрински Весник
Спорт

Јуве го сака Миленковиќ од Фиорентина

Јувентус синоќа го комплетираше трансферот на Глејсон Бремер од градскиот ривал Торино. Бразилецот е замена за Матијас Де Лихт кој се пресели во Баерн Минхен.

Покрај Бремер, Јувентус, има намера да ја засили одбраната со уште еден фудбалер.

Според информациите на италијанските медиуми, изборот паднал на српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ.

Јуве е подготвен да и понуди на Фиорентина 15.000.000 евра за трансферот на 24.годишниот српски репрезентативец. Популарниот Блеки ја надрасна Фиренца и е подготвен да направи чекор напред во кариерата.

Неговиот договор со „виола“ истекува следната година и се чини дека за сите е најдобро Миленковиќ да си замине од „Артемио Франки“.

Да потсетиме, интерес за Миленковиќ покажа и Интер.

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости