Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јуве, Барса и Реал ги тужат ФИФА и УЕФА за монопол

Јуве, Барса и Реал ги тужат ФИФА и УЕФА за монопол
300x250 opst2

Јувентус, Барселона и Реал Мадрид не се откажуваат од проектот на Европската Суперлига, откако „Фајненшл тајмс“ открива дека поднеле тужба против УЕФА и ФИФА за прекршување на правилата за монопол пред европскиот суд.

Иако 9 од 12-те клубови основачи на Суперлигата (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал, Челси, Милан, Интер, Атлетико Мадрид) се откажаа од проектот по бурната реакција на фановите, трите големи европски клубови продолжуваат со проектот и со визијата. УЕФА се закануваше дека ќе ги исклучи од европските натпреварувања и ќе ги казни, но тоа не се оствари.

Сега, тие одат пред Европскиот суд за правда обвинувајќи ги УЕФА и ФИФА за оддржување на монопол во фудбалските натпреварувања, нешто што не е дозволено според европските закони. Нивното тврдење е дека УЕФА не може да продолжи да биде регулатор на клубовите и во исто време учесник како организатор на Лигата на шампионите.

> Јуве, Барса и Реал ги тужат ФИФА и УЕФА за монопол <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН