Утрински Весник
Спорт

Јувентус со категорична позиција за Роналдо

Јувентус во карантин, Роналдо останува во Португалија

Торино, 14 април 2020 (МИА) – Кристијано Роналдо ќе остане во тимот на Јувентус за следната сезона. Ова е категорична позиција на раководството на клубот, пренесе денес „Калчомеркато“, повикувајќи се на извори од гигантот од Торино.

Во последните неколку месеци се шпекулира дека португалската суперѕвезда наскоро ќе се врати во неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, но досега нема остварени контакти меѓу двете страни.

Во моментов Роналдо собира нето плата од 31 милион евра по сезона, што би претставувало проблем за секој клуб, со оглед на сложената финансиска состојба во светот предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина