Утрински Весник
Спорт

Јувентус не се откажува: Двајца играчи плус готовина за Погба

Погба е дел од плановите на Солскјер, и покрај највата дека си заминува

Торино, 11 мај 2020 (МИА) – Во никој случај „старата дама“ не се откажува од поранешниот ас. Јувентус и понатаму сака да го врати Пол Погба, па се појавија вести за плановите за реализација на оваа намера.

Италијанскиот шампион понудил двајца свои играчи во понудата кон Манчестер Јунајтед, а подготвени се да доплати дел од парите.

Познато е дека клубот од „Олд Трафорд“ сè уште бара 150 милиони евра за францускиот играч од средниот ред, а за да ја намали цената, Јуве им ги понудил на Јунајтед Адриен Рабио и Арон Ремзи.

Тренерот Маурисио Сари не смета на нив, но се проценува дека Оле Гунар Солскјер би знаел како да ги користи во неговиот тим.

И покрај оваа понуда и фактот дека иднината на Погба е постојано поврзана со гласините дека тој ќе ја напушти Премиер лигата, за него е реална опција да остане во Јунајтед, со кого има договор до 2021 година и годишна плата од 17 милиони евра.

Времето е такво што малкумина се заинтересирани да издвојат 150 милиони евра за него сега.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот