Утрински Весник
Спорт

Јувентус започнува утре со тренинзи: Роналдо вечерва доаѓа во Торино

Јувентус го победи Интер и се врати на лидерското место во Серија А

Торино, 4 мај 2020 (МИА)– Јувентус ќе го продолжи тренинг процесот утре, по скоро два месеци пауза. По тој повод, денес првата група на играчи на клубовите од Торино ги извршија потребните лекарски прегледи и тестовите за коронавирус.

Фудбалерите кои престојуваа во Италија беа првите кои пристигнаа во здравствената установа на клубот. Тоа беа: Леонардо Бонучи, Федерико Бернардески, Хуан Куадрадо, Карло Пиноглио и Арон Ремзи.

Пристигнувањето на Кристијано Роналдо, кој го помина последниот период во родната Мадеира, се очекува вечерва.

Од друга страна, првиот италијански клуб кој продолжи со тренинзите е Сасуоло, скоро два месеци по последниот натпревар во Серија „А“ против Бреша.

Фудбалерите на Сасуоло имаат на располагање три терени за секоја група од шест играчи, со што се обезбедува минимално растојание од 20 метри за време на пвежбите.

После еден час тренинг, сите играчи веднаш се вратија во своите домови да се истушираат затоа што во тренинг-кампот не им беше дозволено да пристапат до соблекувалните и во салата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024