Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Јувентус е заинтересиран за Серхи Роберто, Барселона е подготвена да го пушти

Јувентус е заинтересиран за Серхи Роберто, Барселона е подготвена да го пушти
Img 7972

Мадрид, 25 април 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто. Клубовите веќе си размениле списоци на играчи кои би можеле да го преминат од едниот во другиот тим.

Според „Sport.es“, калчолигашот е заинтересиран за 28-годишниот Роберто, а Барса е подготвена да го пушти.

Јувентус првенствено ја цени разноврсноста на Роберто, кој може да игра на неколку позиции како во одбраната, така и во средниот ред. Веројатно е дека ако трансферот се случи, тој ќе се одвива како размена на играчи. Јуве е подготвен да понуди многу свои играчи, еден од нив е Миралем Пјаниќ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути