Утрински Весник
Спорт

Јувентус го продава Ремзи

Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба

Торино, 12 јуни 2020 (МИА) – Јувентус е подготвен да го продаде Арон Ремзи, и покрај тоа што го привлече велшкиот репрезентативец само пред една година.

Според „Дејли мејл“, халфот ќе биде една од првите жртви на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД-19. Во Торино, решени се да ги намалат трошоците за плати и затоа се подготвени да се разделат со Ремзи.

Поранешниот играч на Арсенал минатото лето беше регрутиран како слободен агент и поради оваа причина му беше обезбедена прилично висока плата, во висина од 400.000 фунти неделно.

Според таблоидот, пред една недела биле известени два англиски клуба дека Ремзи ќе биде поставен на „тезга“ кога ќе се отвори трансфер прозорецот.

Објавата сугерира дека Манчестер Јунајтед има интерес за Велшанецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ