Утрински Весник
Спорт

Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба

Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба

Торино, 20 февруари 2020 (МИА) – Јувентус е подготвен да се раздели со Арон Ремзи и  да плати дополнителни 50 милиони евра за ангажман на Пол Погба. Манчестер јунајтед, пак, за Французинот бара 150 милиони евра, но секоја понуда ќе добие должна почит и внимание од раководството на „црвените ѓаволи“.

Велшанецот се пресели во Јувентус на почетокот на сезоната како слободен играч и без отштета по разделбата со Арсенал. Меѓутоа, засега не успева да се наметне кај Маурисио Сари. Од друга страна, ниту Погба не е најсреќен во Манчестер јунајтед и веројатно ќе нема против да се врати во клубот чиј дрес го носеше од 2012 година до 2016 година.

Погба стигна во Манчестер јунајтед во 2009 година како 16-годишник од Авр и три години подоцна ја прифати понудата на Јувентус. Во август во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ за 105 милиони евра, а сега е на прагот за кам-бек во Торино. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ливерпул на „мускули“ победи кај последно пласираниот Саутемптон

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1