Утрински Весник
Спорт

Јувентус ги нуди Ругани и Бернардески за Заноло

Заноло: Мојот идол е Тоти, сакам да станам како него, легенда на Рома

Торино, 9 јуни 2020 (МИА) – Јувентус сака да се стекне со играчот од средниот ред на Рома, Николо Заноло, пренесува „Тутопорт“.

Според изворот, „Торинците“ се подготвени да и ги отстапат на Рома дефанзивецот Даниеле Ругани и напаѓачот Федерико Бернардески за 20-годишниот Италијанец, но Римјаните бараат за играчот 60 милиони евра.

Оваа сезона, Заноло има 24 натпревари на сите турнири во кои постигна шест гола и направи три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство