Утрински Весник
Македонија

ЈСП: Јавниот превоз во вторник ќе сообраќа по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено

ЈСП Скопје информира дека во вторник (24.5.2022 година), поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.

Од 7 до 13:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Во вторник жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник објектот нема да работи.

Можете да прочитате

За семејно насилство приведени шест лица

Грозоморно убиство во Зрновци, пронајдено безживотно женско тело

Пожар во куќа во Прилеп, повреден еден пожарникар