Утрински Весник
Македонија

ЈСП со апел за носење на заштитни маски во возилата

Од „ЈСП Скопје“ со апел до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид – 19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска.

dobivaj vesti na viber

Од таму потсетуваат дека „ЈСП Скопје“ нема ингеренции да забранува влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право, како што велат, да ги казнуваат.

„Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје“, велат од оваа институција.

Можете да прочитате

Костадинов: Егзит останува во Струмица

Мицкоски: За прислушувањето СДС се фатени во лага и сега се заплеткуваат

Тошковски во посета на Полициското одделение Мирковци: Борбата против бесправната сеча на шумата еден од приоритетите на полицијата