Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЈСП: Рокот за заверка на важноста на студентските билети продлжен до 31 март

ЈСП: Рокот за заверка на важноста на студентските билети продлжен до 31 март
Img 7972

Рокот за продолжување на важноста на студентските билети за бесплатно користење на јавен превоз повторно е продолжен, односно ќе трае до 31 март годинава, информираат од ЈСП.

„До тој термин, сите студенти кои ги исполнуваат условите за стекнување на право на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз, а не го продолжиле од било која причина, можат бесплатно да го користат превозот, но притоа да поседуваат картичка ‘Скопска’ која имаат обврска да ја приложат при евентуална контрола на билети“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека судентите немаат обврска да се валидираат во автобусот, а контролорите не смеат да им издадат записник/казна.

Од 1 април, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет, уредно валидиран.

Од ЈСП Скопје велат дека со ова повторно излегуваат во пресрет на барањето на УСС (Универзитетското студентско собрание) при УКИМ, кое по втор пат побарало продолжување на рокот за заверка на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која, како што навеле, на одредени факултети предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребна на студентите за продолжување на важноста на билетот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсени двајца скопјани – запалиле три возила во Аеродром

Кога новинарската анализа станува средство за политички напад

Додека Касами бара македонски гласови во Тетово, неговиот син ќе игра за фудбалската репрезентација на Албанија