Утрински Весник
Македонија

ЈСП почнува вонредна дезинфекција на автобусите и жичницата

ЈСП почнува вонредна дезинфекција на автобусите и жичницата

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, соопшти дека денеска почнува со дополнителна (вонредна) дезинфекција на автобусите и минибусите во јавниот превоз, како и на кабините на жичницата на Водно.

„Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично. ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат жичарницата.
Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, сè до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот“, се вели во соопштението.

Од ЈСП тврдат и дека „внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата, со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР