Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија, на денешната седница на Управниот одбор, одвои значителни средства од своето работење и одлучи во државниот Буџет да уплати 100.000.000 денари или 1,6 милиони евра, како поддршка на државата, при справувањето со кризата предизвикана од вирусот Ковид 19.
-Во услови на вонредна состојба, ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, како општествено одговорна институција одлучи овие средства да ги уплати во Буџетот на Република Северна Македонија и во рамките на антикризните мерки, да ги стави на располагање на Владата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од ЈП Службен весник на РСМ.
ЈП Службен весник на Република Северна Македонија искрено се надева дека со ова директна финансиска поддршка ќе и помогне на државата за ублажување на ефектите од наметнатата економска криза, но и на граѓаните за полесно справување со предизвиците во овие тешки времиња. дма/са/