Утрински Весник
Македонија

ЈП „Комунална хигиена“ изврши дезинфекција на Старата скопска чаршија

ЈП „Комунална хигиена“ изврши дезинфекција на Старата скопска чаршија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје денеска извршија дезинфекција на Старата скопска чаршија.

Дезинфекцијата е спроведена на сите внатрешни улици и делови на Чаршијата, со употреба на специјално комунално возило за оваа намена.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани изјави дека во Старата скопска чаршија секојдневно има голем број на посетители и минувачи и одлучиле со Општината Чаир да спроведат вонредни мерки и активности.

– Во координација со Општина Чаир одлучивме токму на оваа локација да ги спроведеме овие вонредни мерки и активности со цел максимално подигнување на нивото на хигиената и чистотата на јавните површини, во насока на заштитата на здравјето на граѓаните, изјави Шабани. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари