Крива Паланка, 1 јуни 2020, (МИА) – Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка работи на санација на изворите на вода во Калин Камен од кои се снабдува со вода целиот град.
Сите активности се во насока на санација на сите можни загуби на вода во системот.
-Бројот на корисници на водоснабдителните услуги на „Комуналец“ и бројот на домаќинства во урбаниот дел на гардот се зголемуваат, а се најава и сушна сезона во тек на елтото, што може да бидат причини за недостаток на вода за пиење. Ова е причина плус нашето претпријатие да вложи дополнителни ресурси и средства за санирање на изворите на Калин Камен од каде градот се снабдува со вода за пиење. Инвестираме во цефки, материјали, како и останати ресурси со што ќе се зафатат дополнително загубите на вода и ќе се зголеми за околу три литри во секунда дотокот на вода во изворите, изјави Миле Марковски, директор на ЈП „Комуналец“, Крива Паланка.
Сите активности, посочи, се вршат тековно, но се до нивното финиширање, истите нема да се воведуваат во системот за водоснабдување за да не дојде до заматување на водата.
Ставањето во функција на бунарскиот систем, како поскапа варијанта, ќе биде само како дополнителна можност за надминување на евентуалните недостатоци на вода за локалното население.иб/ир