Утрински Весник
Економија

ЈП Водовод-Скопје: Отплата на заостанат долг без пресметка на камата

ЈП Водовод-Скопје: Отплата на заостанат долг без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација –Скопје, донесе одлука за исплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Ова како што појаснуваат од институцијта е со цел исполнување на потребите на граѓаните а имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резулатат на пандемијата од коронавирус.

Акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 15.03.2021 до 23.04.2021 година. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

Граѓаните, во периодот од 15.03.2021 до 23.04.2021, можат да се обратат во Секторот за наплата за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот, информирaaт од јавното претпријатие.

Додаваат дека процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен