Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Корисниците на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе можат електронски да пријавуваат дефект на e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација апликација достапна за Android и IO.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна https://vodovod-skopje.com.mk/ , пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и IOS.
Оттаму посочуваат дека за секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на: – 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.
– Доколку, сепак имате потреба да не посетите, истото можете да го направите, во Дирекција, каде шалтерите за наплата, во согласност со новите промени за движење, работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот. За таа цел и со цел да се заштитиме и превенираме во ширењето на коронавирусот, задолжително носете маска, држете растојание, не се групирајте и следете ги сите препораки издадени од Министерството за здравство, информираат од ЈП„ Водовод и канализација“ – Скопје.фф/са/