Утрински Весник
Македонија

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје со измени во работниот процес

ЈП Водовод и канализација: Наместо во нашите простории, сите информации граѓаните може да ги добијат телефонски и електронски

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Јавното претпријатије „Водовод и канализација” – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, како и препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство кои се однесуваат на спречување на ширење на коронавирусот, апелира до јавноста наплатата на фактурите да се врши по електронски пат, без провизија.

– Регистрираните електронски корисници, преку својот профил и нерегистрирани корисници, преку опцијата БРЗО ПЛАЌАЊЕ на  www.vodovod-skopje.com.mk. Сите оние кои имаат пристап до електронско плаќање, можат да извршат уплата и за друг корисник. Во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, ќе работи само затворениот шалтер за наплата со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 18 часот и сабота од 9 до 14 часот, со намален број на вработени. Наплатниот пункт во Сарај, нема да работи, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.

Воедно, оттаму наведуваат дека се минимализираат теренските активности, освен во случај на дефект или во специфични ситуации. Во оваа насока тие ги повикуваат корисниците за секојапотребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратат во Дежурно Информативниот Центар, на телефонискиот број 02 3073 010, во Дирекција на тел. Број 02 3240 300, на имелот     kontakt@vodovod-skopje.com.mk, и на веб страната https://vodovod-skopje.com.mk, односно фејбсук профилот https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/. оџ/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме