Утрински Весник
Македонија

ЈП Водовод и канализација-Скопје на располагање на граѓаните и за време на вонредната состојба

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе соработува со „Пакомак“ и СОС Детско село

Скопје, 14 април 2020 (МИА) – ЈП Водовод и канализација – Скопје подготвено е и во време на вонредната состојба поради Ковид 19 да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните на главниот град, велат од ова претпријатие.

За потребите на жителите на Скопје, од Водовод и канализација информираат дека тоа може да го сторат на телефон 02/3073 010, потоа на мејл адреса kontakt@vodovod-skopje.com.mk, на страницата на „Фејсбук“, https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/.

-Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и IOS, велат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Во однос на месечните активности, ова претпријатие информира дека нивниот Секторот за технички работи и развој минатиот месец работел на 16 основни проекти и тоа: 10 за водоводна мрежа, три за фекална мрежа, три за атмосферска мрежа, направил две реконструкции на водоводна мрежа и една дислокација на мрежата, се со цел подобрување и унапредуавње на инфраструктурата, информираат од ова јавно претпријатие за неговите активности во месец март.

Во рамки на одговорностите, овој Сектор спровел 10 ревизии на проекти, 36 увиди, 16 прегледи на задачи за „е-урбанизам“ и издал 13 потврди за постоечки инсталации.

-Во текот на март, преку Сектор Водовод се изведоа 1129 интервенции и тоа: отстранување на 94 улични дефекти и 361 дефект на шахти, поставување на 48 затворачи, 69 огрлици, 92 приклучни цефки, 26 хидранти, 50 нови приклучоци, промена на 371 водомер и спроведување на 18 изведби на водоводна мрежа, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Секторот Канализација на ова јавно претпријатие извршил 29.155 интервенции од кои: 11.878 проверки на шахти; 13.453 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 3.375 изведби на рачно чистење на сливници со кофа и лопата, 32 чистења на решетки; 23 чистења на сифони, 59 перења на канализација со ЦВ и 430м перење на канализација со ЦП, 249 изведби за отпушување на канализација со ЦП, 795м снимање со камера на канализациска мрежа,100м изведба на канализациска мрежа и 1 санација на дефект.

-Секторот Механизација вршеше секојдневно опслужување со механизација и со возила на сите сектори. Во Дежурно информативниот центар се пријавија и реализираа 1.124 интервенции, информира претпријатието.

Секторот за санитарна контрола извршил 1.605 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од земените примероци од градскиот водоснабдителен систем (742 физичко-хемиски и 742 микробиолошки анализи), се вели во месечниот извештај на ЈП Водовод и канализација-Скопје. ир/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три лица од Турција нападнати кај кањонот Матка

Неделков од СОНК: Изјавата на министерката Јаневска за платите не е договорена со нас

Кривична пријава за кумановец, прободел колега заради ваучери за казино