Утрински Весник
Македонија

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје во април има 22.139 интервенции

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје во април има 22.139 интервенции

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје во текот на минатиот месец вкупно реализирале 22.139 оперативни активности при што секторот Водовод извршил 1.160, а секторот Канализација 20.979 интервенции.

Како што информираат од Јавното претпријатие, во Дежурно-информативниот центар биле пријавени и реализирани 1.548 интервенции, а Секторот за санитарна контрола извршил 1.722 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем.

При интервенциите реализирани од секторот Водовод отстранети се 178 улични дефекти и 472 дефекти на шахти, поставени се 39 атворачи, 69 огрлици, 98 приклучни цевки, 27 хидранти, 38 нови приклучоци, а направени се и 227 промени на водомери и 12 изведби на водоводна мрежа.

Секторот Канализација, пак, извршил 6.581 проверка на шахти,12.145 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 1.855 рачни чистења на сливници, 30 перења на канализација и 196 отпушувања на канализација, како и 20 чистења на сифон, а направени се и осум приклучоци и една изведба на 38 метарска канализациска мрежа.

Секторот за технички работи и развој реализирал 15 основни проекти за водоводна, фекална и атмосферска мрежа, едно дополнување на основен проект за водоводна мрежа, еден проект за реконструкција на водоводна мрежа и издал осум одобренија за хидротехнички услови. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме