Утрински Весник
Македонија

ЈП Водовод и канализација: Покана за претквалификација за избор на понудувач за изградба на постројка за третман на отпадни води

ЈП Водовод и канализација: Наместо во нашите простории, сите информации граѓаните може да ги добијат телефонски и електронски

Скопје, 24 јуни 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја објавува Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје

24.06.2020, Скопје – Со потпишување на Договорите за заем помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за Изградба на Пречистителна Станица на град Скопје. Вкупната инвестиција на Проектот за Пречистителната станица на град Скопје изнесува 136.000.000 евра. Европската Инвестициона Банка обезбеди инвестициски грант од 10.000.00 евра , а Европската Банка за Реконструкција и Развој обезбеди грант од 1.000.000 евра за согледувања и унапредување на тековната состојба на канализационата мрежа , како и помош за зајакнување на финансиските и функционалните капацитетите на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

По објавата на Општиот повик за набавка за овој проект, којшто беше објавен на 3 мај 2019 година во Службениот весник на Европската Унија (Ref. 2019/S 086-204758), денес, 24.06.2020, Европската Инвестициона Банка ја објави Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје на својата официјална платформа https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0

По официјалното објавување на Поканата од страна на ЕИБ, согласно пропишаните процедури, ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе ја објави „Покана за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје“ на 25.06.2020 (четврток), во весникот Нова Македонија, со што ќе се означи и почетокот на рокот за аплицирање. Договорот ќе се спроведува според условите на ФИДИК (Меѓународна федерација на инженери консултанти) за договори за изградба на постројки и проектирање, прво издание 1999 (Жолта книга) и ќе подразбира проектирање и изградба на Фаза 1 (2035) на постројка за третман на отпадни води на градот Скопје. Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени електронски во пренослив или отворен формат.

Сите апликации за претквалификација мора да бидат прописно пополнети и испорачани во затворен коверт на кој ќе биде наведено „Апликација за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје“ најдоцна до 17 август 2020 година до 12:00 часот (по локално време) на горенаведената адреса. Апликациите за претквалификација ќе бидат отворени веднаш по истек крајниот рок за нивно поднесување во присуство на претставници на подносителите што ќе изберат да присуствуваат на отворањето“.

Со постапната реализација на предвидените фази за имплементација на проектот ПСОВ – Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје, Град Скопје и Владата на Република Северна Македонија уште еднаш ги потврдуваат своите заложби за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина.

ЈП Водовод и канализација – Скопје

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор