Утрински Весник
Македонија

ЈПДП: Активности за заштита и учесниците во сообраќај и вработените на патарините

ЈПДП: Активности за заштита и учесниците во сообраќај и вработените на патарините

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Намален е интензитетот на сообраќај низ државните патишта, според последните анализи на наплатните станици низ државата, за чии вработени, како и за сите учесници во сообраќајот, надлежното Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП) презема мерки за заштита и безбедност со оглед на состојбата со коронавирусот.

– ЈПДП информира дека согласно со препораките и мерките на Владата презеде активности за заштита и безбеденост на учесниците во сообраќајот на државните патишта, како и за вработените на наплатните пунктови. Обезбедени се поголема количина маски, ракавици и антибактериски средства сѐ со цел да се заштитат вработените и патниците коишто поминуваат на наплатните рампи. Според последните анализи, пак, направени во текот на вчерашниот ден од страна на наплатната служба, интензитетот на сообраќајот е намален, соопшти денеска ЈПДП.

Оттаму апелираат до сите учесниците во сообраќајот на државните патишта во Републикава да бидат максимално одговорни и да се придржуваат до препораките и мерките на надлежните институции. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонија ќе добие најдолга рочност за враќање на парите од британскиот заем

Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир

Како да добиете до 10.000 евра за вработување или почнување на бизнис, објаснети детали од Влада