Утрински Весник
Македонија

Јотова: Бугарија мора да остане на цврстите позиции кон Северна Македонија

Јотова: Бугарија мора да остане на цврстите позиции кон Северна Македонија

Без оглед на промените, Бугарија мора да остане на цврстите позиции во однос на заклучоците на Консултативниот совет за национална безбедност кои беа усвоени од претседателот минатата есен, како и на рамковната позиција на владата и на декларацијата на Националното собрание, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова, за „Бгнес“.

„Не може да има компромис со нашата историја, особено кога има тврдења или потенцијални тврдења за иднината“, вели Јотова.

Таа вели дека е загрижена за тоа што се случува и вели дека за неа е чудно зошто ова прашање е покренато во последните неколку месеци.

„Само сум загрижена за тоа што се случува. Пред само една година, мислев дека сите клаузули запишани во Договорот за добрососедство ќе станат дел од европската рамка кога ќе започнат преговорите со РС Македонија. Имавме гаранции на разни форуми, не само од Советот на министри за надворешни работи и од Советот за општи работи. Во секој случај, веќе неколку месеци ова прашање е покренато во полна сила, како да немаме никакви прелиминарни договори досега. Нејасно ми е каде се прекина линијата и зошто почнаа да се прават тврдења од македонската држава за кои досега не сме чуле. Тие започнаа да ги оспоруваат текстовите на Договорот за соседство. Вистина е дека од самиот почеток договорот мораше да биде придружен со анекс, кој зборува категорично за нашето историско минато“, вели Јотова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ