Утрински Весник
Спорт

Јокиќ руши НБА рекорди – зад себе ги остави Вестбрук и Леброн Џејмс

Јокиќ руши НБА рекорди – зад себе ги остави Вестбрук и Леброн Џејмс
Dik 300x250 mk

Српскиот центар во дресот на Денвер Нагетс – Никола Јокиќ игра уште една одлична сезона. Продолжува да соборува рекорди и да ги поместува границите. Тој дојде до статистичка низа каква што досега немал ниту еден играч во НБА.

Од почетокот на сезоната Јокиќ има најмалку 10 поени и по 5 скока и асистенции на меч, на последните 40 натпревари. Ова е најдолгата низа во НБА лигата.

На тој начин зад себе ги остави Радел Вестбрук кој ваков скор имаше на 37 меча по ред и Леброн Џејмс кој 36-пати во низа забележуваше ваков фасцинантен учинок.

Јокиќ останува еден од главните кандидати за титулата МВП во лигата.

> Јокиќ руши НБА рекорди – зад себе ги остави Вестбрук и Леброн Џејмс <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони