Утрински Весник
Спорт

Јокиќ пак блесна, нова победа на Денвер

Јокиќ пак блесна, нова победа на Денвер

Никола Јокиќ повторно имаше фантастична партија за да ги предводи Денвер нагетс до 113:107 победа над Оклахома Сити тандер.

Српскиот центар за 35 минути на паркетот имаше 35 поени (13-од-15 од игра) и 12 скока и 8 асистенции, покажувајќи дека има причина поради која е главен фаворит за нова МВП награда во НБА-лигата.

За Денвер, Ерон Гордон со 20 поени и 9 скока и Вил Бартон со 18 поени помогнаа за победата, додека Тео Маледон имаше 20 за Оклахома Сити во меч во кој Денвер имаше 15 поени предност, за во последната четвртина да стигне до израмнување, пред Јокиќ да инспирира 7-0 серија.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Орландо – Сакраменто 110:114

Торонто – Индијана 131:91

Кливенд – Чикаго 94:98

Мемфис – Милвоки 127:102

Мајами – Бруклин 95:110

Денвер – Оклахома 113:107

Портланд – Хјустон 98:115

> Јокиќ пак блесна, нова победа на Денвер <

Можете да прочитате

Ќерката на Родман стана најплатена фудбалерка во светот

Бранителот на Купот Вардар против Охрид во четвртфиналето

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите