Утрински Весник
Спорт

Јокиќ, Ембид и Јанис кандидати за наградата МВП

Јокиќ, Ембид и Јанис кандидати за наградата МВП

НБА лигата ги објави имињата на оние кои влегуваат во најтесен круг за добивање на поединечните награди. За најзначајната награда, МВП на сезоната ќе се борат Никола Јокиќ (Денвер), Џоел Ембид (Филаделфија) и Јанис Адетокумбо (Милвоки).

Според последните прогнози, главен фаворит за оваа награда е актуелниот МВП, Никола Јокиќ. Во регуларниот дел од сезоната тој имаше просек од 27,1 поен, 13,8 скока и 7,9 асистенции. Србинот е првиот играч во историјата на лигата кој регуларниот дел од сезоната го заврши со најманку 2.000, 1.000 скока и 500 асистенции.

Најголем противник ќе му биде Камерунецот од Филаделфија, Џоел Ембид. Регуларниот дел од сезоната го заврши со просек од 30,6 поени, 11,6 скока и 5,8 асистенции.

За наградата тренер на сезоната ќе се борат предводниците на Финикс (Монти Вилијамс), Мајами (Ерик Сполстра) и Мемфис (Тејлор Џенкинс). Финикс сезоната ја завршија со најдобар скор во НБА лигата, 64 победи и 18 порази.

Руди Гибер (Јута), Маркус Смарт (Бостон) и Микел Бриџис (Финикс) се играчите кои конкурираат за наградата, дефанзивец на сезоната.

За најдобра резерва (шести играч), НБА лигата ги номинираше ветеранот Кевин Лав (Кливленд), Тајлер Хиро (Мајами) и Кем Џонсон (Финикс).

> Јокиќ, Ембид и Јанис кандидати за наградата МВП <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина