Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јокиќ во МВП издание

Јокиќ во МВП издание
Img 7972

Никола Јокиќ одигра уште еден спектакуларен натпревар во НБА лигата. Денвер Нагетс, по две продолженија, ги победија Мемфис Гризлис со 139:137. Србинот, натпреварот го заврши со 47 поени, 15 скока и осум асистенции.

Јокиќ е првиот центар, уште од Хаким Олајџувон во 1996 година, со вакви бројки во стататистиката.

Денвер, на четири минути до крајот, имаа негатива од 12 поени, но Јокиќ ги спречи Мемфис да победат, постигна или асистираше за 11 поени на својот тим, а во продолженијата постигна или асистираше за 16 од 23 поени на Денвер. Неговата тројка во финишот на второто продолжение го реши победникот.

Покрај Јокиќ, кај Денвер се истканаа Вил Бартон (28 поени, шест скока, седум асистенции) и Мајкл Портер јуниор (21 поен, седум скока).

На спротивната страна блескаше Џа Морант. Најдобриот дебитант во минатата сезона, забележа 36 поени, осум скока и 12 асистенции.



> Јокиќ во МВП издание <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН