Мадрид, 11 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот на Реал, Лука Јовиќ ќе пропушти околу три месеци, поради повреда, објавија шпанските медиуми. Србинот заработи скршена нога за време на тренинг во домашни услови.
По избувнувањето на пандемијата, српскиот напаѓач ја игнорирал потребата од двонеделна карантин во главниот град на Шпанија и се вратил во својата земја заедно со бремената девојка. После тоа, се појави информација дека Реал Мадрид сака да се раздели со напаѓачот, кој ја поминува својата деби-сезона.
Во сезоната 2019/20, Јовиќ настапи на 24 натпревари за Реал Мадрид, постигна два гола и забележа една асистенција. зс/