Утрински Весник
Спорт

Јовиќ не сака да го напушти Реал

Лука Јовиќ не се противи на идејата да замине од Реал, дури и на позајмица, но само под услов да има иста годишна плата, како на „Сантијаго Бернабеу“. Овој детаљ го кочи неговото заминување, во Мадрид неговата нето плата, на годишно ниво изнесува 5.000.000 евра.

Еден клуб од Мадрид покажа сериозен интерес да го донесе Јовиќ на позајмица, но нема пари за неговата плата. Станува збор за Хетафе, клуб во кој играат сонародниците на Јовиќ, Стефан Митровиќ и Немања Максимовиќ.

Реал пред две сезони за трансферот на Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт издвои 63.000.000 евра. Србинот не успеа да се наметне, што не е чудно кога конкурент за место во нападот му е Карим Бензема.

Српскиот напаѓач има договор со Реал Мадрид до 2025 година. Па дури верува дека може да заслужи уште една шанса кај тренерот Карло Анчелоти.

Лука Јовиќ оваа сезона учествуваше на 19 натпревари и одигра само 549 минути (просечно 29 минути), постигна само еден гол.

Во кариерата, Јовиќ постигна три гола и запиша четири асистенции на 49 натпревари за Реал Мадрид.

> Јовиќ не сака да го напушти Реал <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027