Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Јовески: Телото на детето било најдено при вештачење на автобусот

Јовески: Телото на детето било најдено при вештачење на автобусот
300x250 opst2

Телото на детето било најдено во изгорениот дел на автобусот, соопшти денеска републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Тој кажа дека уверува околу тоа дека нема сомнеж за пронаоѓањето на уште едно тело, бидејќи автобусот имал големи оштетувања.

При изработка на вештачењата за избувнувањето на пожарот, биле најдени остатоците од детето.

„Осмиот патник го споменува едно од повредените лица кое е во болница, додека документацијата на болницата покажува друго. Во болницата има дека на лекување се донесени седум лица. Забележувањето во една таква трагична атмосфера, секое лице може да има забележани различни факти“, кажа Јовески.

Тој додаде дека во процесот на идентификација на изгорените патници е побарано да учествуваат и двајца претставници на Институтот за судска медицина.

„Во текот на денешниот ден, Обвинителството до властите во Бугарија упати замолница да присуствуваат утврдување на идентитетот на жртвите и двајца претставници од Институтот за судска медицина, за да се забрза процесот. Во изгорениот автобус е најдено уште едно тело на починат патник, кое е пренесено во институтот во Бугарија. Се работи за помладо лице. Во сообраќајната несреќа настрадале 45 патници, а 7 се пренесени на лекување во софиската болница“, додава Јовески.

На бугарските претставници ќе им биде предадена и документација обезбедена од ОЈО. Според Јовески, тоа е документацијата од „Беса транс“, податоци за регистрација на автобусите, како и документи од Министерството за транспорт и врски.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник