Утрински Весник
Политички Партии

Јован Митрески: На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите

Јован Митрески:  На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите

 

Скопје, 29 јуни 2020 

Денес во изборната единица пет имавме средба со повеќе претставници на микро и макро бизниси, одблиску имавме можност да се запознаеме со нивните проблеми, предизвици и успеси. Посебно овој период на светска криза предизвикана од коронавирусот, поддршката која владата предводена од СДСМ ја даде за приватниот сектор е повеќе од добредојдена.
Не дозволивме работниците да бидат отпуштени, а направивме многу за да ги одржиме стабилни македонските компании.
Оваа поддршка им дава можност да ги задржат своите вработени, но и компаниите да опстанат на нозе.
Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себе.  Денес имаме  решенија за сите граѓани, решенија за иднината.
„Можеме“  е чесен домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок.
Имаме понуда кој носи нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места.
Платите во сите сектори ќе продолжат да растат.
До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година.
Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите многу побрзо од опонентите. Во следните 4 години тоа ќе правиме уште повеќе и уште подобро.
Стабилната и развојна економија ќе обезбеди пензиите да растат заедно со платите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%.
На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети а не во белиот дворец.
Јован Митрески, носител на листата на СДСМ во ИЕ 5

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт