Утрински Весник
Македонија

Јовановска: Родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба, бебето нема коронавирус и е во стабилна состојба

Јовановска: Родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба, бебето нема коронавирус и е во стабилна состојба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Директорката на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје Викторија Јовановска денеска изјави дека родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника, додека бебето, кое беше утврдено дека е негативно на короновирус, е во стабилна здравствена состојба, иако е родено предвреме.

– Бебето е негативно на коронавирус. Би сакала да ги смирам трудниците и да апелирам до нив да не ја извртуваат вистината, да не лажат и да не ги прикриваат фактите. Сите сознанија, иако се ограничени, се дека многу малку од трудниците ќе заболат и ќе бидат со лесна форма на болеста. Доколку точно ги кажат своите промени во нивната здравствена состојоба, се тоа што им се случува во нивното семејството или во нивните социјални врски и контакти ќе бидат безбедни и тие и нивните бебиња, рече Јовановска.

ГАК, како што кажа таа, функционира во вонредни услови, а одлуките на Клиниката ги носи координативно стручно тело. ев/ац/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Викендов од североисток нагло ќе продре многу ладен воздух

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции