Утрински Весник
Македонија

ЈК Травел: Туристите остануваат во хотелот во кој имаа уплатено, се работи за недоразбирање

Од македонската туристичка агенција ЈК Травел соопштија дека гостите кои се сместени во Хотел Олеа Гарден во Грција се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имале резервирано и уплатено.

dobivaj vesti na viber

„ Станува збор за непроверена информација која произлезе од кратко недоразбирање. Во ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Ова го тврдиме најодговорно. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор. Истото можат да го потврдат и гостите кои се сместени во горе неведениот сместувачки капацитет. И самиот хотел се очекува во најбрз временски период да испрати официјален допис со кој ќе ја демантира оваа невистина.

ЈК Травел е агенција која постои 16 години, а задоволството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење“ се вели во реакцијата на агенцијата.

Македонски туристи преку допис до медиумите објавија дека се исфрлени од хотелот каде уплатиле за одмор во агенцијата ЈК Травел. Тие рекоа дека до утре мораат да го напуштат хотелот, иако платиле за до недела.

Можете да прочитате

Срам ми е од Карпош каков што е денес вели Јакимовски

Николоски: Судството и обвинителството целосно потфрлаат

National Geographic ја издвојува Македонија како најдобра дестинација за гастрономија на Балканот