Утрински Весник
Спорт

Јапонците предупредуваат: ЛОИ се неизвесни и во 2021 година

Јапонците предупредуваат: ЛОИ се неизвесни и во 2021 година

Токио, 10 април 2020 (МИА) – Извршниот директор на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто, истакна дека пандемијата на коронавирус може да го задржи одржувањето на настанот и во 2021 година.
-Мислам дека никој не може со сигурност да каже дали коронавирусот може да се стави под контрола. Сè уште не можеме да дадеме јасен одговор, рече Муто.
Тој наведе дека како организатори не размислуваат за алтернативни планови.
-Мораме во целост да се фокусираме на подготовка и решавање на тековните проблеми. Човештвото мора да го примени сето свое знаење за да ја победи оваа болест, додаде Муто.
Летните олимписки игри требаше да се одржат годинава, но поради корона-кризата се одложени за 2021 година, од 23 јули во 8 август. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“