Утрински Весник
Свет

Јапонско истражување: Маските штитат, но не можат целосно да го спречат ризикот од зараза

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Јапонски истражувачи докажаа дека маските можат да обезбедат заштита од честичките на коронавирусот во воздухот, но дури и маски со професионален квалитет не можат целосно да го отстранат ризикот од зараза.

Научниците од Универзитетот во Токио изградија безбедна комора со глави од кукли свртени една кон друга. Една глава, опремена со распрскувач, симулирала кашлање и исфрлила вистински честички од коронавирус. Втората кукла имитирала природно дишење со комора за да собере вируси што минуваат низ дишните патишта.

Било утврдено дека памучната маска го намалува примањето на вирусот до 40 проценти во споредба со ситуација кога воопшто нема маска.

Медицинската маска N95, користена од медицински експерти, ги запира честичките на вирусот до 90 проценти.

Сепак, дури и кога маската N95 е целосно прицврстена на лицето, некои честички од вирусот успеваат да се апсорбираат.

Кога маската била ставена на главата на куклата што симулирала кашлање, било утврдено дека памучните и хируршките маски блокираат повеќе од 50 проценти од честичките на вирусот.

„Синергетскиот ефект се појави во ситуација кога маски имале и примателот на вирусот и носителот на вирусот“, напишаа истражувачите во студијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење