Утрински Весник
Свет

Јапонски град забрани истовремено да се шета и да се гледа во мобилниот телефон

Јапонски град забрани истовремено да се шета и да се гледа во мобилниот телефон

Град во Јапонија, минатата недела забрани навика што ја гледаме ширум светот – одење со очите фиксирани на мобилниот телефон.

Патниците што пристигнуваат на Централната станица во Јаматo, град со 250.000 жители, ќе бидат пречекани со известувања, писмено и гласовно, за новововедената забрана за одење на сите улици, плоштади и паркови.

„Додека одите во градот, употребата на паметни телефони е забранета. Ве молиме користете телефони кога ќе престанете да одите“, е наведено во пораката.

Се чини дека невообичаената забрана има широка поддршка од граѓаните.

„Сум видел дека луѓето шетаат наоколу и ги гледаат своите мобилни телефони во исто време. Тие не обрнуваат внимание на работите околу нив. Постарите луѓе не можат да ги избегнат“, вели 64-годишниот Кензо Мори. „Тоа е како зависност. Тие изгледаат како да не можат да престанат“, додаде тој.

И тинејџерката Арика Ина се согласува дека тоа може да биде опаснo, но смета дека забраната е претерана.

„Мислам дека не треба да се воведуваат забрани. Треба да биде прашање на пристојност“.

Студијата на јапонската телекомуникациска компанија НТТ, спроведена пред неколку години, покажа дека пешаците што зјапаат во мобилен телефон губат 95 проценти од своето видно поле.

Текстот Јапонски град забрани истовремено да се шета и да се гледа во мобилниот телефон е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме