Утрински Весник
Свет

Јапонскиот пратеник Хата почина од ковид, неговата смрт опомена за сите

Јапонскиот пратеник Хата почина од ковид, неговата смрт опомена за сите

Јапонија денес потврди дека Јуичиро Хата (53), еден од пратениците во парламентот на оваа земја, починал како резултат на коронавирусот.

„Тој разви мала температура во четвртокот и планираше да се тестира на коронавирус од претпазливост, но неговата состојба нагло се влоши во неделата“, рече Текуро Фукујама, генерален секретар на Уставната демократска партија на Јапонија, на која ѝ припаѓаше Хата.

Фукујама исто така рече дека се надева дека смртта на Хата ќе ја подигне јавната свест за опасноста од вирусот.

„Тој имаше малку повеќе од 50 години и неговата состојба се влоши толку брзо. Јас сум силно убеден дека по ова навистина не треба да ја потценуваме опасноста од коронавирус”, рече јапонскиот политичар.

Јуичиро Хата, кој беше министер за транспорт во владата во 2012 година, беше син на покојниот премиер Тукома Хата, кој ја водеше јапонската влада во 1994 година.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Изборите во САД ќе чинат 15,9 милијарди долари