Утрински Весник
Свет

Јапонската влада сака да ја зголеми возраста за пензионирање на 70 години

Јапонската влада сака да ја зголеми возраста за пензионирање на 70 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Јапонија има намера на парламентот да му предложи закони за зголемување на возраста за пензионирање на државните службеници, објави денеска премиерот Јошихиде Суга.

„Потребно е да се зголеми возраста за пензионирање за да се исполнат сè покомплексниte административни задачи“, рече тој за време на дебатата во една од комисиите на Долниот дом на парламентот.

„Ние се подготвуваме за брзо воведување на релевантни закони“, додаде тој.

Стареењето и намалувањето на населението е еден од најважните социјални проблеми во Јапонија. Според официјалните податоци на здравствените власти, јапонските мажи се во можност да работат во просек до 71 година, а Јапонките до 74 години. Владата ги смета постарите Јапонци како витална работна сила.

Општо земено, пензиите во Јапонија се добиваат по 65-та година од животот, граѓаните имаат право да работат подолго, но имаат право на пензија во секое време на возраст од 60 до 70 години. Пензиите на оние што го прават тоа пред 65-тата година се нешто пониски, а оние кои продолжуваат да работат по 65-тата година имаат прaво нa бонус.

Сега се разгледува зголемување на официјалната возраст за пензија за пет години, со зголемување на соодветните придобивки.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин