Утрински Весник
Свет

Јапонија го забрани извозот на луксузни стоки во Русија

Јапонија го забрани извозот на луксузни стоки во Русија

Јапонскиот генерален секретар Хироказу Мацуно рече дека од јапонските компании ќе биде побарано да одбијат да платат во рубли за економските трансакции, особено оние во енергетскиот сектор.

Русија минатата недела побара од „непријателските“ земји да го платат својот гас во рубли, а не во евра, откако САД и европските сојузници ги здружија силите во серијата санкции насочени кон Русија.

Јапонија, исто така, најави дека од 5 април ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија, соопшти Министерството за економија, трговија и индустрија на таа земја.

Новата регулатива која се однесува на луксузни автомобили, накит и уметнички дела ќе стапи на сила на 5 април, пренесува токискиот Kyodo News.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking