Утрински Весник
Свет

Јапонија ги предупреди граѓаните: Поради можност од терористички напад бидете настрана од гужвите

Јапонија ги предупреди граѓаните: Поради можност од терористички напад бидете настрана од гужвите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јапонското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани да се држат настрана од верските објекти и гужви во шест земји во Југоисточна Азија.

Граѓаните се предупредени дека постои можност за терористички напад, јавуваат јапонските медиуми.

Министерството соопшти дека има информации дека постојат зголемени ризици од бомбаши самоубијци, пренесуваат агенциите.

Предупредувањето се однесува на Индонезија, Филипини, Сингапур, Малезија, Тајланд и Мјанмар.

Портпаролот на тајландското Министерство за надворешни работи Тани Санграт изјави дека Јапонија не го открива потеклото на предупредувањето и дека јапонската амбасада нема други детали освен дека таквите напади „е се специфични за Тајланд.

Тајландските безбедносни агенции немаат сопствени информации за можната закана, изјави заменик -портпаролот на полицијата, Кисана Патанакароен.

Филипинското Министерство за надворешни работи соопшти дека не знае за информации за зголеменото ниво на закана, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индонезија, Теуку Фаизасија негираше дека било испратено предупредување до јапонските граѓани.

Во соопштението, Јапонија ги повика своите граѓани да посветат големо внимание на локалните вести и да бидат внимателни.

Можете да прочитате

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта