Утрински Весник
Македонија

Јанушев: Ќе си лежите сите до еден за предавство, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи

На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев истакна дека СДСМ од сега се СДС-Бугарска, а на претседателот на владата и сите од власта им порача дека ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден, бидејќи македонскиот народ е трпелив, македонскиот народ тоа го покажал низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, и македонскиот народ знае да прости но за некои работи нема простување.

dobivaj vesti na viber

„Не планирав да се обратам и воопшто да се обратам на оваа седница бидејќи со овакви однародени изроди не планирам да се занимавам и да зборувам. Но не можев да издржам и затоа решив да се јавам на реплика за да кажам неколку работи. Да јас разбирам дека за вас е прифатливо тоа што сакате денес да го гласате бидејќи за вас не е проблем да биде јазикот на граѓаните на Република Северна Македонија бидејќи тоа сте вие. Однародени мрсници. Да, да те гледам во очи и ти кажувам дека сте однароден мрсник бугарски. Од сега сте СДСБ, СДС-Бугарска, ништо повеќе и ништо помалку“ истакна Јанушев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев нагласи дека ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи.

„И ова што го правите сега е исто како она што го правевте минатите денови за луѓето што гаѓаа со јајца од протестите определувавте притвор, а за оние со пиштолите кај Скендербег излезе дека биле со цвеќе. Срамота патетични сте, изгубени сте и само да ве потсетам една работа која што колегата Ковачки ви ја кажа пред два дена, ќе си лежите сите до еден за предавство, ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден. Да читајте книга претседателе на влада, климајте со глава и смејте се, тука ви е Тупанче прашајте го, ова согласно кривичен закон што го правите е велепредавство, за ова се одговара, и ќе одговарате сите до еден. Македонскиот народ е трпелив македонскиот народ тоа го покажа низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, македонскиот народ знае да прости но за некои работи нема простување. Затоа што не сме ни глупи не сме ни слепи, луѓето кои што излегуваат позади, и кој што ви кажуваат да кажете не, еден ден а тоа ќе биде многу брзо ќе дојдат по своето. Затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи “ истакна Јанушев.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул