Утрински Весник
Македонија

Јанушев: Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години

Јанушев: Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години

Носителот на листа на изборна единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска е во посета на општина Македонска Каменица.

Јанушев го посети и пазарот во Македонска Каменица каде што подели промотивен материјал и разговараше за проблемите на граѓаните со кои што се соочуваат изминатите три години како и негрижата на актуелната власт и лошата состојба во земјоделието.

Јанушев оствари средба и со младите во Македонска Каменица каде што ги презентираше мерките од Проектот Обнова на Македонија.
Јанушев истакна дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови работни места за младите, повисоки плати, финансиска поддршка на компаниите за вработување на млади лица до 29 години, загарантирана работа за 500-те најдобри студенти од државните универзитети и многу други проекти кои ќе значат решавање на проблемите на младите и градење на својата иднина во Република Македонија.

„Го посетив пазарот во Македонска Каменица, поделивме промотивен материјал и разговараме со граѓаните. Потоа се сретнав со младите и пензионерите за да размениме мислења во врска со проблемите што сите заеднички нѐ мачат. Им ја презентирав програмата и сите заедно се сложивме дека обнова е неопходна. Обнова и ќе се случи. На 15 јули доаѓа нова ера за Македонија“, пишува Јанушев на својот официјален фејсбук профил.

Текстот Јанушев: Финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ