Интегрален текст од изјава за медиуми
Говорник: Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Датум: 20.06.2020
Прашање: Јанушев денеска сте во Велес, што значи Вашето гостување токму во Велес денес и дали ова едно од формите кои што можеме веќе да ги очекуваме во вид во делот на кампањата?
Одговор: Да како што веќе најавивме во еден добар сегмент во водењето на кампањата, и во се на она што сме навикнати претходно да сме го имале како кампања, ќе имаме малку разлики. Една од тие разлики ќе биде поголемото присуство со штандови. Бидејќи сепак треба да внимаваме и да се придржуваме цело време кон мерките за заштита од корона вирус. И ова ќе биде еден од начините каде што ќе се обидеме да се претставиме и дојдеме до граѓаните и да го побараме секако нивниот глас. Во однос на првиот дел на прашањето како подготовки за кампањата, како што веќе сте сведоци во целиот изминат период дадов збор дека ќе ги посетам сите општини во изборната единица 3, половината се веќе посетени. И еве сум денеска во родниот Велес. Исто така ќе ги посетам и општините Чашка и општината Градско.
Прашање: Кој е Вашиот став со оглед на се поголемиот број изјави од страна на ДУИ за можен премиер Албанец? Тоа го слушавме од Али Ахмети, своевиден заканувачки тон би рекол, меѓутоа синоќа повторно нова изјава од Бујар Османи во истата конотација. Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ?
Одговор: Ние го кажавме нашиот став во однос на ова прашање. Нема да дозволиме уцени и диктати буквално од никого, ниту од ДУИ, ниту од СДСМ, ниту буквално од никој политички субјект. Изборите се за 20-тина дена од денеска, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува како апсолутен победник, кој ќе биде партнерот во новата коалициона влада прво ќе зависи од резултатот кој што ќе го имаат нормално останатите партии на изборите. А, секако после тоа и оние кои што ќе ја прифатат програмата, стратегијата и визијата пред се, а на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа како треба да се развива Република Македонија. Во однос на тоа инсистирање, јас само ќе кажам навистина не разбирам зошто се инсистира на тоа, впрочем и досегашниот премиер не се однесуваше ништо поразлично од тоа што всушност го бараат Ахмети и Османи.
Прашање: Има ли некои знак прашалници во делот на спроведувањето на изборниот процес со оглед на исклучителната специфика на овие избори, еден нов начин, една нова ситуација, меѓутоа би рекол можност повеќе да се случат одредени девијации? Да речеме имаме голем број членови на Избирачки комисии кои што одбиваат да бидат состав на комисиите, меѓутоа имаме многу слични проблеми во рамките на субјектите политички кои учествуваат за изборната кампања. Како ВМРО-ДПМНЕ ќе го среди тоа во своите редови? И каква кампања очекувате од политичките противници?
Одговор: Во однос на првиот дел на прашањето она што го правиме веќе еве и сега имате прилика тоа да го видите, е што првично ние како членови на ВМРО-ДПМНЕ, како да кажам носители на оваа кампања се придржуваме буквално до сите мерки за заштита. Тоа го бараме буквално од сите луѓе кои учествуваат во кампањата. Впрочем и апелиравме и до останатите политички субјекти кои што учествуваат во оваа кампања, во овие избори да го прават буквално истото. Сметам дека на тој начин ќе им покажеме на граѓаните дека ако се грижиме прво лично сите ние за нашето здравје дека ризикот е минимален, или да кажеме дека не постои. Впрочем и во оваа насока се подготвуваат и протоколите во однос на целиот изборен процес, во континуирана комуникација сме и со ДИК и тоа не само како ВМРО-ДПМНЕ туку имавме и неколку заеднички состаноци заедно со СДСМ каде што се обидуваме сето ова што предмалку го кажувам да го преточиме и во упатства кои што ДИК ќе ги направи. И сметам дека на крај на денот нема да има поголеми, не би требало да има поголеми проблеми во однос на тоа. Во однос на како ќе се однесуваат, или што очекуваме од страна на останатите политички субјекти, морам прво да напоменам дека очекувам пред се фер, коректна работа, да бидат на ниво на задачата и впрочем не се сомневам дека нема да се случи тоа од страна на ДИК. Од друга страна очекувам најголем број од политичките субјекти исто така да водат фер и демократска кампања. За жал морам да констатирам дека не верувам дека СДСМ нема да продолжи со поткупот со кој што почнаа, но веќе неколку пати им порачав дека и ја користам оваа прилика да им порачам дека се она што го прават, што е спротивно на законот и криминално дека за многу брзо од денес ќе одговараат за тоа.
Прашање: И сосема за крај очекувате ли политичките противници да ја релативизираат целата состојба со Ковид – 19, со цел да внесат страв меѓу граѓаните и на тој начин да придонесат кон многу помала излезност што во краен случај би им одговарало во некоја од нивните варијанти?
Одговор: Мислам дека веќе е прекасно тоа да се случува бидејќи не може истовремено и да се подигнува ситуацијата и истовремено да се релативизира, или да се намалува. Зошто го велам ова? Буквално сите мерки кои што важеа се укинати, а за некои кои што останаа имаме и најава дека во следниот период ќе се укинат. Гледаме дека всушност и од понеделник, од следнава недела и кафеаните, и кафулињата и се останато ќе почне да работи онака како што е нормално , како што и работеа претходно. Се укинуваат мерките исто така и за влез во државава. Значи разговаравме и на таа тема. И така да сето ова кога ќе се земе ќе немаме веќе вонредна состојба за неколку дена, полицискиот час исто така веќе некое време не е на сила. Народот е по улиците, најнормално веќе се функционира. Но сепак јас ќе апелирам за да имаме нормална состојба, значи да едноставно се придржуваме сите до мерките, да носиме маски, а да носиме ракавици особено кога сме со поголеми групи на луѓе и да користиме дезинфиценци, и секако социјалната дистанца и дистанцирањето исто така треба да се придржуваме до сето тоа.
Прашање: Која е вашата порака до велешани, до вашите сограѓани?
Одговор: Што сакам да порачам, сакам да порачам дека обновата доаѓа, дека овој период од три години каде Заев и СДСМ едноставно не натераа како народ да ја виткаме кичмата, да си го погазиме достоинството завршува тука. Доста е. Имаме квалитетни луѓе, имаме лидери кои што ќе ја водат оваа држава кои што знаат како треба. Овде со мене е Игор Здравковски кандидатот за пратеник од градот Велес, кандидатот за пратеник во изборната единица 3, педагог кој што својот живот го поминал посветувајќи се на работа со најмладите. Луѓето кои што се на листите во изборната единица 3, но и останатите изборни единици се луѓето кои што ќе ја донесат победата на овие избори кои што на граѓаните на Република Македонија ќе им дадат нова надеж, но и во следната година со сите проекти кои што ги предвидуваме во програмата дали е тоа експресниот пат, односно автопатот од Велес преку Прилеп до Битола, до границата со Грција. Дали е тоа преку зголемувањето на платите, пензиите, намалувањето на даноците, циклусот од 4 милијарди евра инвестиции кои ги најавивме за следните 4 години ќе придонесеме за живот на граѓаните во Република Македонија го заслужуваат навистина.
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки